1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Звучна терапија за да се чуеме себеси

Ана Арсеновска-Зафирова
20 април 2024

Како да го ослободите телото од стрес? Меѓу другото, со звучна терапија. Со моќта на звуците од инструментите се стигнува до медитација. Звучниот терапевт Ива Зафировска објаснува како.

https://p.dw.com/p/4eyaV

 Ива Зафировска, која во Ковид-пандемијата се обучи за звучен терапевт, го изведува звучното патување со сет на необични инструменти:

„Звукотерапијата се изведува со повеќе инструменти како кристални садови, кристални ѕвончиња, океански тапан, дождовниот стап, кристалната вилушка и гонг. Исто така може да има и други инструменти како флејта и џариду“, набројува таа.

Со моќта на звуците од инструментите се стигнува до медитација. Во таа трета состојба на свест, меѓу сон и јаве, телото се ослободува од секојдневниот стрес:

„Помага за опуштање на мускулите, за несоница, ја засилува интуицијата и исто така ни помага да се наполниме со нашата енергија и да се сакаме повеќе.“

Како да го слушнеме внатрешниот звук? Погледнете во видеото!