1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пораст на насилствата на екстремната десница

Марсел Фирстенау16 мај 2007

Десниот екстремизам во Германија бележи пораст – до ваков заклучок дојде германската служба за заштита на уставот во нејзиниот извештај за 2006 година.

https://p.dw.com/p/AdP3
Седиштето на Службата за заштита на уставот
Седиштето на Службата за заштита на уставотФотографија: picture-Alliance/dpa

Зголемувањето на насилничките дела со десно-есктремна позадина, според министерот за внатрешни работи, Волфганг Шојбле, е загрижувачко. Такви дела во 2006 година имало за 9,3% повеќе во споредба со претходната, или прецизно 1.115 деликти.

Додека десно-екстремното насилство бележи пораст, левиот екстремизам е во опаѓање и тоа за 4%. Но, апсолутниот број регистрирани деликти изнесува 1.200, што е за сто деликти повеќе од оние што ги сторила есктремната десница. Осврнувајќи се на претстојниот самит на Групата осум во Хајлигендам, министерот Шојбле рече дека нема да се дозволи текот на самитот на Г8 да биде попречен од можни насилства: ”Затоа го поздравувам потегот на Атак, која е една од најболизирачките протестни групи, која се дистанцираше од употреба на насилство.”

И покрај најавите на противниците на глобализацијата кои се дел од Атак, дека нема да применуваат насилство, безбедносните служби се подготвуваат да реагираат во случај на насилство. Тоа не може да се исклучи, изјави претседателот на Службата за заштита на уставот, Хајнц Фром: ”Тоа може да се формулира и поостро – едно е наислството што би произлегло од протестите и на тоа безбедносните органи се подготвуваат. Втор е фактот со кој мора да сметаме - дека освен ваквите протести, во текот на ноќта се случуваат други насилнички акции како напади врз автомобили, куќи и други работи.”

Во извештајот на Службата за заштита на уставот е наведен и т.н. исламски тероризам. Министерот Шојбле повтори дека има намера да го постави врз законска основа т.н. Онлајн-набљудување и контрола на податоци на приватните компјутери: ”Се разбира ваквите мерки мора да бидат грижливо одмерени. ”

За ваквите свои намери Шојбле смета на поддршка и од коалициониот партнер – социјалдемократите. Но, во редовите на СПД има скепса. За да се измени постоечкиот закон и да се овозможи вакво набљудување е потребно да гласа не само Бундестагот, туку и Бундесратот и тоа потребно е дво-третинско мнозинство.